Новите мобилни телефони се помалку штетни


„iFixit“ во соработка со организацијата „HeakthyStuff.org“, ги објави резултатите од студијата во која е направена хемиска анализа на мобилните телефони, со цел да се утврди количината на штетните материи кои што се наоѓаат во самите телефони.

Растурајќи ги на делови 36-те мобилни телефони и анализирајќи ги нивните содржини, направена е листа на уредите, кои што се сметаат за помалку опасни, подредени по количината на материите. Секој мобилен телефон добил оценка од 0 до 5, систем во кој оној со помала оценка, означува дека кај него има помало количество на штетни материи. Секој модел добил ознака со „high concern“, „medium concern“ и „low concern“, зависно од количината на штетни хемикалии.

Меѓуте шест модели кои добиле најлоши оценки се наоѓаат iPhone 2G и Nokia N95, додека со најдобри оценки излегоа Мotorola Citrus, iPhone 45 I iPhone 5.
Претставниците на „iFixita“ и „HealthyStuffa“, истакнаа дека е забележан трендот на користење на помалку штетни материи во новите модели на мобилни телефони, односно како сите модели кои добија најлоши оценки се произведени пред 2010 година. Но, потенцираат дека резултатите ни одблиску не се задоволителни, со оглед на тоа дека мобилните телефони уште содржат големо количество на штетни материи.

Share Button

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1