Исповед на мајка: “Би сакала мојот син никогаш да не се родеше” (ФОТО)


Знам дека звучи страшно, но по години на борба, јас го обвинувамт мојот син за животот што го водам. Ако некој ми речеше за време на бременоста, кои проблеми ќе ги имам со детето, јас ќе ја прекинев бременоста. Аманда вели дека и е тешко да чувствува било каква љубов за нејзиниот син.

Секое утро, Аманда (36) се буди со врескање и викање од својот син. Пред да заврши со подготвување појадок, нејзиниот син веќе го нападнал својот брат и ги вознемирил соседите. И тоа е така во последните 17 години, бидејќи нејзиниот најстар син страда од нарушување што предизвикува хиперактивност.

Аманда е загриженa за безбедноста на нејзините други деца, бидејќи нејзиниот син бил насилен, физички ги напаѓал неа и неговите браќа, а исто така се случува да запали работи во куќата и во околината.

Знам дека звучи страшно, но по години на борба, јас го обвинуваат мојот син за животот што го водам. Но, тоа не беше секогаш така. Карл беше убаво бебе, никогаш не викаше, не плачеше, и убаво спиеше ноќе. Но, кога тој го доби својот брат, целосно се смени. Тој престана да спие, почна да плаче без причина, не сакаше да се облече, истрчуваше на улица гол, а потоа стана и насилен.

Почна да ме фаќа страв и паника кога го видов помладиот син целиот во гребнатини и траги на гризање по рацете, но се надевав дека оваа фаза на љубомора ќе му мине, дека е фаза. Вели Аманда, додавајќи дека работите само се влошуваат со текот на годините.

-Карл никогаш не покажува емоции. Еднаш во бес и нервоза му кажав дека посакувам никогаш да не се родеше, а тој никако не изреагира. Јас имав грижа на совест поради овие зборови, а тој не ни трепна.
-Јас не го мразам, но не можам да кажам дека го сакам, уморна сум и исплашена.
Карл има 17 години. Лекарите се уште не можат да воспостават точна дијагноза, велат само насилен и хиперактивен. Лековите кои му ги препишале, Карл одбива да ги пие веќе две години. Училиштето каде учи има големи проблеми со неговото насилно однесување.

Аманда е загрижена за неговата иднина, но сепак морам да ги заштитам и другите свои деца, Карл наскоро ќе мора да се исели и да си најде работа. Вака не спијам. Не знам дали ќе ја запали куќата, ќе ги убие браќата или мене. Се случува да се разбудам а тој само да стои на вратата со никаков израз на лицето. Како да сака намерно да ме исплаши. Тогаш рипам од креветот и проверувам дали се во ред децата, да не им сторил нешто. А тој само ќе се насмее под мустаќ и ќе си влезе во собата, а јас со часови потоа неможам да се смирам и заспијам. Ова не е живот, ова е хорор филм. Сакав да го дадам во институција, но ми е жал, син ми е. Вели очајната Аманда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1