Брод со контејнер пол со најновото вооружување за потребите опремувањето на косовската војска на пат е преку Атлантикот до пристаништето Драч во Албанија, пишува „Новости“.
Според тврдењата на овој весник, оттаму опасниот товар ќе биде пренесен до базите на косовските безбедносни сили. Како што наведуваат „Вечерни новости“ повикувајќи се на податоци до кои дошле српските безбедносни служби „овој конспиративен аранжман е во склоп со сценариото на Приштина за преземањето контрола над северниот дел на покраината“.
Освен тоа, истакнува „Новости“, српските оперативци дошле до информација дека косовската тајна служба во јужниот дел на Косовска Митровица поделила автоматски пушки на некои од поранешните и сегашните соработници, како и на други лица од “државните институции“ кои се обучени да ги користат.
„Оваа пеколна игра, кој зад кулисите ја води Америка, се вклопува во плановите на приштинските власти кои имаат намера на 14 декември, кршејќи ги сите договори, да ја основаат војската на Косово“ – наведува весникот.
НАводно и идејата за воведување на додатни такси на робата од централна Србија, тврди „Новости“ дошла токму од Вашингтон. „Тие, преку Тачи и неговите министри во косовската влада, предложиле воведување на данок, за да го испровоцираат Харадинај да преземе уште порадикални мерки“ – изјавил неименуван извор за белградскиот весник.
Како што објаснил, тоа требало да предизвика реакција на Белград и да доведе до ограничен судир на северот на Косово.
„Поради тоа Приштина бара КФОР да го зголеми присуството на северот и херметички да ја “затвори“ границата спрема Србија, наводно со цел спречување на шверц на роба“ – изјавил неименуваниот извор.
„Новости“ додаваат и дека Приштина има намера, во случај на евентуално влошување на безбедносната ситуација поради отпорот на Србите, да изврши целосна блокада на северот на Косово и со помош на КФОР да ги затвори административните премини Брњак и Јариње.
Покрај тоа, како што истакнува весникот, се бара од КФОР, во случај Белград, како контрамерка, да прекине со водоснабдувањето од Газивода, во негово име да преземе контрола над тоа стратешко важно езеро.
„Така би ја оствариле целта – контрола над целата територија на Косово“ – заклучува „Новости“.