Локалната самоуправа на Охрид ги откажа сите празнични манифестации, вкучително и организацијата на новогодишната ноќ, поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски.
Последнава деценија интересот за новогодишно празнување во Охрид е голем, што резултира со целосна исполнетост на хотелските капацитети.
Од локалната самоуправа сепак, веруваат дека плоштадот нема да биде празен и без музика-очекуваат угостителите да ја превземат организацијата во свои раце и на туристите да им приредат новогодишна забава и весел амбиент.