Утврдена болест трихинелоза кај дивите свињи во Македонија – АХВ смирува месото во продавниците е безбедно


Болеста „трихинелоза“ е утврдена кај диви свињи на речиси целата територија на земјава. Станува збор за паразитно заболување кое може да се пренесе и кај домашните животни но и луѓето. Сепак, директорот на Агенцијата за храна, уверува дека месото во продавниците е безбедно.

-АХВ утврди присуство на „трихинелоза“ во Радовиш, Кривопаланечко, Валандово, Битола и Струмичко. Во двете ловни сезони 2017/2018 и 2018/2019 лабораториски се испитани 594 примероци од диви свињи од кои 13 се позитивни – информира директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.

Болеста може да се добие само со конзумирање сурово или недоволно термички обработено месо или месни производи од домашни свињи, коњи, дивеч….

-Апелираме одгледувачите на свињи за домашна употреба грлата да ги колат во одобрени кланици каде ќе се изврши преглед на месото. Ако колењето не се врши во одобрен објект се препорачува од трупот да се земат мостри и да се достават до најблиската овластена лабораторија. Ги повикуваме одгледувачите на свињи да спречат изложеност на домашните свињи на глодари и дивеч, а угинатите животни веднаш да се отстранат од одгледувалиштето, нагласи Атанасов.

Пренесувањето на болеста може да продолжи и по угинувањето. Што е потенцијален ризик за животните кои се хранат со мрши.

Во најлош случај болеста може да доведе до смрт кај човекот. Последен пример на заболено лице во земјава е регистрирано во 2008 година. Кај домашните свињи болеста не е забележана повеќе децении. Од Агенцијата велат дека болеста е присутна и во регионот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1