Вчера околу 16 часот на Граничниот премин – Долно Блаце, на влез во Р. Македонија, по извршена царинска контрола, во багажниот простор на патничко моторно возило „Mерцедес“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.С. (23) од Куманово, а како сопатник била Р.Л. (19) од Косово било пронајдено едно женско лице без документи.
Од извршениот разговор лицето изјавило дека е К.С. (20) од Косово. Лицата биле приведени за понатамошна постапка.