И покрај официјалниот старт на грејната сезона, радијаторите во Скопје сеуште ладни. Иако надвор утринските температури се под 3 степени од топлификација имале информации дека температурата во становите не била под 20 и затоа нема парно.
Но и со овие набилдани и високи сметки изгледа топлификација нема пари за мазут за да ја почне сезоната, пишува Фокус.
Анонимни работници во топлификација за весникот изјавиле дека им доцнат платите последните неколку месеци и дека нема ниту доволно мазут за грејната сезона“. Сепак од Топлификација демантираат дека не пуштаат греење поради тоа што немаат мазут, како и дека компанијата има проблеми со финансиската ликвидност.
„Мазутот се набавува на дневна основа. Нема никаков проблем ниту со мазут ниту со банки“ – вели Директорот на Топлификација, Димитар Хаџимишев за Фокус.
граѓаните пак ќе плаќаат високи месечнни сметки за парно, а за да си ги загреат домовите трошат дополнително струја. Дека потрошувачката на струја е зголемена потврдиле и од ЕВН Македонија.