АМАН на чекор да ја врати евтината тарифа – ќе се собираат 10.000 потписи


Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го усвои предлогот на граѓанското здружение „Аман“ со кое тие бараат менување на Законот за енергетика, односно враќање на дневната евтина тарифа. 

Преставниците на Комисијата утврдиле дека нормите за покренување на иницијативата биле испочитувани и сега АМАН треба да почне да собира 10.000 потписи за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика да биде прифатен на дневен ред во Собранието на Република Македонија, пишува фактор.мк.

Откако ќе ги поднесе до претседателот на Собранието предлог-законот треба да се најде на расправа на Собранието.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1