Санитарната инспекција денеска зела примероци од мостри од бебешкиот шампион „Косили“, кој бил увезен од Србија. Ваквата акција била спроведена по веста дека истите содржат канцерогени производи.
Ваквата информација прв во јавноста ја обелодени белградски „Новости“.
Шампонот се продавал по пониска цена од оргиналот од 30 до 40%, а во истото утврдиле конзерванс Формалин, кој бил опасен за бебињата. Официјални информации ќе се добијат за 48 часа, време за кога инспекторите се очекува да ги извршат сите детални испитувања.
„Доколку се утврдат ваквите информации, ќе следуваат казни, а производот ќе биде повлечен од употреба. Доколку пак станува за некаков маркетиншка нелеглана борба на пазарот, се надевам дека надлежните институции соодветно ќе реагираат`, рече министерот за здравство, Никола Тодоров.