300 тони заразени домати завршиле на македонскиот пазар


Околу 300 тони струмички домати се вратени од Русија и од Украина поради тоа што биле заразени со штетниот тута- апсолута.

Македонските фитопатолози пуштиле петнаесетината шлепери со сомнителните домати да ја поминат границата иако станува збор за карантински штетник кој не смее да се извезува од една до друга земја, јавува Канал 5.
Доматите биле од струмичко. Експертите велат дека земјоделците треба да водат поголема грижа во контролирањето на штетникот тута- апсолута бидејќи годинава имало негова експанзија.

како што информира Канал 5 по враќањето доматите со тута- апсолута завршиле на македонскиот пазар што е една од причините за драстичниот пад на цената на есенскиот домат.

фото – Канал 5

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1