Претседател на држава барал да му го уапсат синот


Претседател на држава барал да му го уапсат синот поради направена сметка од 12,000 евра.

Кевин Бозиз синот на претседателот на Централоафрикансакта Република, Франсоа Бозиз Јангувонда, е уапсен поради сметката за изнајмената соба во хотел со пет ѕвезди. Со Кевин е приведен и шефот на хотелот кој подоцна бил ослободен.
Полицијата го држела Кевин во притвор неколку дена по наредба на неговиот татко.

Кевин потрошил 12,000 евра за изнајмената соба, оброците и разни услуги.
Кевин е една од неколкумината личности во земјата кои се имаат задолжено по хотелите.
Другиот помлад син на Франсоа, во 2006 година во Франција, е осуден на четири месеци затвор поради банкарски проневери.

 

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1