На социјалните мрежи е покрената кампања за здружување на ,,самците,, и организирање забави за самци за полесно да си ја најдат сродната душа. Страницата на фесбук веќе има околу 300 членови.
Нема дефинирано кога и каде ќе се одржуваат забавите но наведено е дека ќе бидат исклучиво за членовите на страницата.
Па ете доколку сте сам/а и немате веќе живци да излегувате по клубови и да се секирате дали ќе си најдете партнер, ова ви е шанса.
Вакви забави во минатото, во времето на `70 беа нормална и секојдневна работа, но потоа едноставно престанаа да постојат. Дали овој обид ќе биде успешен останува да видиме.
Ова е фејсбук страната на групата Singles party nights in Skopje.
,, Настаните се организираат само за членовите на Програмата и за сите други кои ке резервираат во инбокс на страната за да може да ги ставиме на список . Влезете во кругот на успешните и среќните,, пишува на страницата на оваа група.