Една жена од Абу Даби употребувала брутални методи и ја мачела својата слугинка, а на крај и ја убила бидејќи не била задоволна од начинот на кој таа ги извршувала работите околу одржување на хигиена во куќата. Според порталот 7daysindubai мачителката посегнала по ригорозни мерки и методи како врзување за жици со струја, полевање со врела вода и многу други одвратни работи.
За нејзината бруталност пред судот сведочела нејзината ќерка изјавувајќи дека нејзината мајка секојдневно ја тепала сега веќе починатата слугинка и дека во очите и ставала пипер. Иако на почетокот од сослушувањето жената го негирала злосторството, подоцна попуштила и признала па ги разоткрила и мотивите за ваквото мачење.
– Ја мачев затоа што беше многу мрзлива. Сакав да ја натерам да си ги извршува нејзините обврски како што треба. Немав намера да ја повредам или да ја убијам, раскажала пред судот жената монструм.
Против неа сега ќе сведочат и форензичките докази бидејќи по обдукцијата на телото од жртвата, кое било пронајдено во бањата, било потврдено дека слугинката умрела од повреди кои и биле нанесени за време на тортурата која траела веќе подолго време.