Ги продава сопствените органи за да го прехрани семејството и да плати за стан


Иако во Шпанија трговијата со органи е илегална и казнива, за која се добива казна и до 12 години затвор, една жена нуди дел од својот црн дроб, белодробно крило, рожница и бубрег во неможност да обезбеди средства за прехрана како и за кирија.

44 годишната самохрана мајка од Валенсија на оглас ги понудила своите органи со цел да обезбеди малку пари и да ја прехрани својата 22 годишна ќерка како и да плати кирија за станот од која најверојатно во скоро време ќе бидат избркани, пишуваат тамошните медиуми. Иако во Шпанија трговијата со органи е нелегална и казнива сепак очајната мајка се одлучила на овој начин да обезбеди средства за живот.

За Ел Мундо изјавила дека нејзините месечни примања биле 426 евра, а само за кирија за еден месец потребни и биле 400 евра. Ќерката била запишана на студии, а жената имала проблеми и со карличната коска поради што била прогласена од лекар за 66 – отсто инвалид па пронаоѓањето работа за неа сега е речиси невозможна мисија.

– Јас само сакам да го направам најдоброто за мојата ќерка, нејзиниот живот е она што мене ми е најважно, изјавила очајната жена.

 

 

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1