Пациентот кој вегетира скоро цело десетлетие од својот живот, успеа да проговори и да ги искаже своите мисли. Канаѓанецот Скот Рутли претрпил тешко оштетување на мозокот во сообраќајна несреќа и сега тој е еден од неколку пациенти кои се третирани со технологија која ја развиле истражувачите од универзитетот Кембрич.
Случајот на Скот е посебен бидејќи тој е првиот кој успеал да даде информации и да одговори на прашања за сопствената судбина. Тој открил дека цело време е свесен за својата ситуација и дека се обидува да им помогне на лекарите кои се обидуваат да го подобрат квалитетот на неговиот живот.
Професорот Адриан Овен користи функционална магнетна резонанца и со неа се обидува да ги открие промените во протокот на крв во мозокот. Тој своите пациенти прво ги замолува да мислат дека играат тенис, со што се зголемува протокот на крв во предниот дел од мозокот и доа го прифаќа како одговор ДА. Одговорот НЕ го добива кога Скот замислува дека шета низ дома и влегува и излегува во простории со што го зголемува протокот на крв во средниот мозок. Слични задачи активираат проток на крв во различни делови на мозокот со што лекарите добиваат одговори на нивните прашања. Техниката за сега се покажала како успешна кај неколку пациенти.
Сепак, Скот е меѓу првите кој дал одговор на прашањето дали чувствува болка. Неговото семејство веќе подготвило безброј прашања за кои едвај чека да ги дознае одговорите.