Девојките од англиската покраина Сасекс вежбале со недели да успеат сите да влезат одеднаш во овој автомобил и на крај сепак им успеало.
Успешниот обид за соборување на светскиот рекорд изведен е токму на светскиот ден на Гинисовите рекорди.
Тој се организира еднаш во годината, а се проценува дека токму на овој ден дури 420.000 луѓе се обиделе да соборат рекорди.
Претходнo рекорд изнесувал 27 луѓе во еден „мини морис“.