Тајно ги снимал цимерките додека се тушираат за да контролира колку вода трошат


Филипинец (40) кој живее во Дубаи признал дека вградил камери во туш кабините на своите две цимерки, а тврди дека тоа го направил за да внимава колку вода трошат додека се тушираат. Откако цимерките ги откриле камерите во тушкабините и на снимките јасно виделе кој ги поставува, мажот се извинил, па се расплачил и ги молел никому да не кажат за тоа. Но, неговите две цимерки не сакале само така со лесно да си помине, па ги избркале од станот и него и неговата сопруга, а потоа го пријавиле во полиција. Во својата изјава изјавиле дека се посомневале дека нешто чудно се случува кога виделе дека цимерот ја користи нивната бања иако имал своја.

Полицијата кај 40 годишниот филипинец нашла снимки од жени кои се тушираат снимени уште во 2008 година.

Сега тој се соочува со тужба за сексуален напад, а пред судот тој изјавил:

– Ги инсталирав камерите за да видам колку вода трошат!

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1