Таксистите до музичарите – Ако сакате да пуштаме ваша музика платете на ММИ место нас


,,Ако сакаат да пуштаме македонска музика во Такси возилата – музичарите нека го платат место нас надоместокот, во спротивно во такси нема да се чие македонска песна.,,

Групација на авто такси превоз на Град Скопје со реакција за донесувањето на Правилникот за плаќање надоместок за слушање на македонска музика.

Според ценовникот секое такси возило треба да плати.

,, За да пуштаме и слушаме македонска музика во сите такси возила во Град Скопје треба да платиме 10.000,00 Евра. Групацијата смета дека обврската за плаќање ќе го згасне нашето залагање да доминира македонската музика во возилата и ќе не натера да НЕ слушаме и пуштаме македонска музика во такси возилата, вели Сашо Рајчановски претседател на групација на авто такси превоз на Град Скопје

Тие упатија порака до музичарите –

,,Ако произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи сакаат нивната музика да се слуша во такси возилата во Град Скопје нека ги подмират нашите обврски по тој основ и ние со задоволство ќе ги слушаме.,,

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1