Во Британија мастилото за печатење поскапо од Дом Перињон


За поголем дел од британските семејства кои живеат во сиромаштија, трошењето на 109 фунти за шише шампањ Дом Перињон е вистинско растурање пари.

Меѓутоа, купувањето на мастило за печатење е неизбежен трошок. Но, малку по малку, може да се заклучи дека шампањот е далеку поевтин, пренесува британскиот „Дејли мејл“.

Црното мастило во стандардно полнење за домашен принтер чини 51 пени за милилитар, што е за околу 240 отсто поскапо во однос на цената од 15 пини за милилитар Дом Перињон.

Всушност, потрошувачката организација „Вич“ неодамна дојде до овој зајадлив податок.

Во просек, еден сет од променливи полнења за домашен принтер чини околу 45 фунти, што е многу малку во однос на шише Дом Перињон, чија цена е 109 фунти.Организацијата „Вич“ исто така открила дека повеќето од домашните принтери трошат поголема количина на мастило за време на процесот на чистење на главата од принтерот, кој започнува автоматски на секое вклучување на принтерот.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1