Фото: 72 годишен дедо стана топ модел


За кинезот Лиу Сијанпинг не може да се каже дека е обичен старец, бидејќи тој, иако има 72 години, е главен манекен на сајтот за онлајн продажба на облека кој го креирала неговата внука.

Тој позира во модерна облека, со младешки перики на главата и со женски модни додатоци.

Целата работа почнала како шала.

– Ми помогна да ја распакувам гардеробата. Почна да облекува поодделни парчиња. Ни беше забавно па го сликав, објаснила внуката која подоцна фотографиите ги поставила на интернет каде доживеаа голема популарност.

Целата облека за млади му застанала како лиена, па така станал заштитно лице за сајтот Јуек, објаснува таа.

За нејзиниот дедо тоа е само едно забавно поминато попладне, и пријатно искуство.

– Зошто би било неприфатливо некој како мене да носи женска гардероба? Немам што да изгубам. Со позирање на сајтот и помагам на внуката, а и навистина убаво се забавувавме за време на фото сесијата. Јас сум стар и единствено ми е важно да бидам среќен, заклучил Лиу.

 

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1