Челзи со заработка од 60 милиони евра



Првакот на Европа, Челзи, минатата сезона во Лигата на Шампиони остварил заработка од 59,9 милиони евра, додека финалистот Баерн Минхен инкасирал 41,7 милиони евра, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

Вкупниот минатогодишен фонд на заработка во Лигата на Шампиони изнесува 754 милиони евра, а беше поделен меѓу 32 учесници. Барселона која стигна до полуфиналето има заработка од 40,6 милиони евра, потоа следи Милан со 39,9 милиони евра. Манчестер Јунајтед кој не успеа да избори пласман во осминафиналето, заработил 35,3 милиони евра. Секој учесник во Лигата на Шампиони со самото учество во фазата по групи автоматски има заработка од 7,2 милиони евра, а остатокот на пари клубовите го инкасираат на основа на остварените резултати.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1