Утрово, во близина на месноста Бунец, на патот Гостивар-Маврови Анови, регистрирани се излетувања од коловозот и еден судар на товарни возила, информираат од СВР Тетово.
Со сообраќајката нема жртви и повредени. Како причина се наведува голомразицата која утрово се појавила поради ниските температури.
Од СВР Тетово, наведуваат дека десетина минути пред седум часот, три камиони-шлепери изгубиле контрола додека се движеле кон Гостивар, но успеале да се коловозната лента.
Четвртиот пак, откако изгубил контрола и удрил во банкина покрај патот, се судрил со товарно возило на „Македонија Пат“.
На овој патен правец сообраќајот се одвивал отежнато и по една лента, околу еден час, додека завршил увидот.
Од СВР Тетово, апелираат до возачите кои ќе се движат по магистралата Гостивар-Дебар, да бидат внимателни, бидејќи на поедини делници има појава на голомразица, заради ниските температури кои ноќва и утрово изнесуваа -5 степени целзиусови.
Mia/Фото хајд парк