Индустриското производство бележи пад од 6,7 отсто


Во октомври годинава во однос на истиот месец минатата година индустриското производство е намалено за 4,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во рударската индустрија во земјава опаднало за 13,7 проценти, во енергетскиот сектор производството опаднало за 26,8 процентни поени, додека во преработувачката индустрија забележан е пад од 1 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2012 година, во однос на октомври 2011 година, бележи опаѓање кај енергија за 36 проценти, кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.5 проценти, додека пораст е забележен кај интермедијарни производи, освен енергија од 1.1 процент, кај капитални производи од 28.7 проценти и кај трајни производи за широка потрошувачка за 13.3 проценти.

 

Индустриското производство во текот на 2012 година, во однос на истиот период лани, бележи пад од 6,7 проценти.

Индустриското производство во земјава забележува постојан пад веќе 14 последователни месеци.

 

 

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1