На листата, која ја составиле Лисбон Кансил со седиште во Брисел и германската банка Баренберг, Естонија е оценета со 7,4 поени, Лускембург со 7,2, а Германија со седум.
Шестопласираната Словенија добила 6,1 поени, што е 0,5 отсто повеќе од просекот во седумнаесетчлената евро зона.
Словенија е окарактеризирана како динамична економија со висок степен на отпорност на должничката криза која го погодува остатокот од евро зоната и релативно низок јавен долг.
Во извештајот се наведува дека во Словенија е неопходен политички консензус за да може да ги надмине моментните проблеми во поглед на банкарската и фискалната политика што би допринело кон подобрување на општата економска ситуација во земјата.