Првата жена на која и беше трансплантирана матка ќе има бебе


Жената на која и беше извршена трансплантација на матка за прв пат во историјата, ќе биде оплодена ин витро, во обид да го исполни својот сон да стане мајка.

 

Ова им дава надеж на илјадници британски жени кои се родени без матка.

Но и покрај оптимистичниот став на професорот Омер Озкан, некои британски експерти, вклучувајќи го Лорд Винстон, велат дека ваква бременост може да предизвика фатални компликации и дека 22-годишната Дерја Серт најверојатно ќе треба да се породи со царски рез.

Професорот Озкан кој ја изврши трансплантацијата на матката вели дека ова е најдолго време кое поминало без исфрлање на вградена матка, а целта било да се постигне период од година ипол пред да се продолжи понатаму. „Тоа надежно ќе се случи за три месеци, работите изгледаат добро сега за сега“ вели Озкан и додава дека здравјето на пациентката е апсолутно нормално.

Серт, која е мажена за 35-годишниот Мустафа вели: „Да имав магично стапче, ќе посакав сега да сум бремена. Се што сакам е да го држам моето бебе во раце, да бидам мајка“. Проф. Озкан и неговиот тим ќе земат два од 8 замрзнати ембриони пред терапијата на Серт, ќе ги одмрзнат и ќе ги стават во нејзината матка. Се надеваат на барем едно дете – или пак близнаци. Постојат најмалку 15.000 жени само во Британија кои биле родени без матка или чија матка била отстранета како резултат на рак или други здравствени проблеми.

Хирургот г-дин Смит има поминато повеќе од 15 години истражување на можноста на бременост кај жените на кои им била трансплантирана матка. Во јули, тој откри дека неговиот тим ја постигна првата успешна бременост кај зајак со трансплантирана матката, иако животното продолжило да абортира.Тој сега планира да спроведе постапка за уште пет зајаци пред да ја испроба истата процедура и кај овци. Само тогаш ќе г-дин Смит ќе може да им пристапи на комитетите за етика во Велика Британија за одобрување истата да се спроведе и на луѓе.

Жените кои ги изгубиле матките од рак, мора да бидат излечени од болеста најмалку пет години пред да им биде извршена трансплантација. Ризиците вклучуваат отфрлање на новата матка и можни несакани ефекти за време на бременоста поради силните лекови против отфрлање.

 

По првата трансплантација на матка, спроведена во Саудиска Арабија во 2000 година, донираниот орган не успеал по три месеци, бидејќи крвните садови кои беа искористени за поврзување биле премногу тесни и настанало блокирање од згрутчување. Сепак, проф. Озкан вели дека трансплантацијата на матка вреди да се преземат ризици за илјадници жени кои не можеле да имаат “нормална” бременост.

Тој изјави: “Многу луѓе мислат дека трансплантацијата на матка не е неопходна затоа што не претставува операција од животна важност и дека жените имаат можност за посвојување или сурогатството. Но, имавме апликации од жени низ целиот свет кои бараат трансплантација. Ова е апсолутно неопходно за овие жени: едноставно мора да ги замолите да се реализира ова.“

Лекарите се поделени околу тоа дали да се користат живи или мртви донатори. Некои експерти се чувствуваат непријатно со преземање на матка од жива жена, во случаи кога тоа не станува збор за спасување. Во вакви случаи постојат ризици и за двете живи пациентки. Сепак, орган од жив донатор може да биде подобра опција.

Tags:

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1