Голема повеќенаменска сала ќе биде изградена во центарот на населбата во која веројатно ќе се играат натпреварите на хокеј тимот Црвените крила од Детроит на Илиќ.
Се очекува градежниот проект да отвори 8.300 работни места, од кои 5.500 само во спортскиот центар. Инвестицијата се проценува на 1,8 милијарди долари, од кои 650 милиони долари само за градежните работи, кои делумно ќе бидат финансирани со јавни средства пишува Хафингтон пост.
Изминативе 20 години бројот на жители се има преполовено, од 1.200.000 во 1980 година на само 713.000 во 2010 година. Сиромаштијата и високата стапка на криминал се постојан проблем за преостанатите жители, особено во центарот на Детроит.
Мајк Илиќ е сопственик на синџирот пицерии Мал Цезар, еден од најголемите синџири во САД, како и на градежни компании и бејзбол и хокеј спортските тимови – Тигрите и Црвените крила од Детроит.