Според информациите од МВР, момчето било нападнато вчера околу 18.50 часот, без никакви причини, веднаш откако се симнало од автобусот.
Момчето го нападнале 6 насилници на последната автобуска постојка на линијата „2“ во скопска Автокоманда.
Насилниците безмилосно го удирале со клоци и тупаници по главата и телото. Со видливи повреди момчето било пренесено во болница. Според МВР се работи за 21 годишниот Ј.М , се трага по сторителите.