Американската државна секретарка, Хилари Клинтон, беше непријатно дочекана од страна на Египетските демонстранти.
Нејзината посета на американскиот конзулат во Каиро била проследена и од страна на демонстрантите, кои протестирале поради верувањето дека Соединетите Држави имале влијание во изборите по уривањето на претседателот Хосни Мубарак.
„Ниските удари“ пристигнале во вид на домати фрлени кон автомобилот со кој се движела Клинтонова.
Сепак, подолни, а се чини и поболни, биле скандирањата „Моника, Моника“, потсетувајки ја државната секретарка на времето кога нејзиниот сопруг беше претседател и на неговата афера со Моника Легвински.
Сепак, Хилари Клинтон изјавила дека САД не се занимава со изборите во Египет и не би го интересирал исходот од нив, дури и кога би можеле САД да имаат влијание. Клинтон учествуваше на отварањето на конзулатот во Египет кој беше затворен далечната 1993-та.