Анорексијата може да предизвика сериозни оштетувања на видот



Најново истражување покажало дека тешкото пореметување во исхраната, познато како анорексија, може да предизвика сериозни оштетувања на видот.

Истражувањето било спроведено на репрезентативен примерок од 13 жени со веќе поставена дијагноза на анорексија и 20 здрави волонтери. Притоа научниците сакале да ја испитаат здравствената состојба на золтите дамки на окото, дел со голема пигментација кој се наоѓа близу средината на мрежницата и кој овозможува да се сождава чиста слика.

Анализата покажала дека жолтата дамка и нервните завршетоци кои излегуваат од тој дел на окото се многу потенки кај жените кои боледуваат од анорексија отколку кај жените кои го немаат тој проблем.

Жените кои имале поставено дијагноза на анорексија имале и послаба електрична активност во окото, поради што послабо можеле да ја процесираат сликата. Во трудот објавен во стручното списание „BRITISH JOURNAL OF OPHTALMOLOGY“ авторите ова истражување го претставиле како чест случај кај луѓето кои боледуваат од анорексија.
Анорексијата најчесто се јавува кај девојки на возраст од 12 до 25 години, а се смета дека од ова тешко пореметување во исхраната во кое се губи апетитот е погоден околу еден процент од адолесцентките.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1