Најмалку 27 лица се убиени во нападот во основното училиште „Сенди Хук“ во градот Њутаун, во американската држава Конектикат. Меѓу нив има и 18 деца.
Според медиумите застрелан и усмртен е и напаѓачот.
Се претпоставува дека напаѓачот е родител на ученик кој бил во конфликт со директорот на училиштето и утрината во 9 и 30 часот дошол маскиран со две пушки и започнал да пука.
Во училиштето, во кое учат деца од градинка до четврто одделение, имало околу 600 ученици на возраст од 5 до 10 години.