24 год син на наставничка е убиецот на децата во Конетикат – Обама заплака (Видео)


deca konetikat 1Идентификуван е убиецот кои покоси 27 луѓе од кои повеќето деца во масакарот во училиште во Конетикат.

Убиецот е 24 годишниот Рајан Ланза, мајка му била наставничка во тоа училиште, а полицијата потврди дека и таа е меѓу жртвите.

Во врска со убиствата се огласи и претседателот Обама кој изјави дека повеќето од жртвите се на возраст од 5 до 10 години.

Обама заплака додека говореше за убиството на децата.

27 убиени – 18 деца во Конетикат (Видео)

deca konetikatУбиецот дошол во основното училиште „Сенди Хук“ во градот Њутаун, во американската држава Конектикат, утринава во 9 часот и 30 минути. Во тоа време сите дечиња веќе биле пристигнати во училиштето.

Напаѓачот влегол во училиштето носејќи маска, а полицијата потврди дека имал и панцир на себе. Носел две оружја со кои неконтролирано отворил оган врз дечињата.

Според информациите тој е застрелан и убиен во интервенцијата на полицијата. Во училиштето имало околу 600 дечиња сите на возраст до 5 до 10 годинки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1