Поголемиот број на граѓани на општина Сурчин го обвинуваат нивниот градоначалникот за проневера и злоупотреба на должноста и сметаат дека неговиот имот во висина од 60 милиони евра го стекнал на незаконски начин.
Против него поднесоа и кривична пријава. Граѓаните на оваа општина и пресметале што се поседува овој човек. На име на потребите на општинската управа, тој изнајмува 15 локали кои се наоѓаат во негов посед. Само на тоа Јаношевиќ заработува 36,000 евра.
Без никаква законска постапка на јвани набавки и местенки за своите пријатели и роднини, од општината испумпува 300,000 динари. Со својот син ја наместија работата со јавното претпријатие за гас кое му исплаќа по 400 евра месечно, за изнајмуваење на работните простории, а ова се само дел од многубројните тужби на група граѓани.