-За време на ноќта во раните утрински часови, продолжи активноста на вулканот, а забележани биле и посилни потреси, соопштуваат од Геофизичкиот институт во Кит.
Регионалната директорка на владините служби за вонредни ситуации Лурдез Мајорха изјавила дека за време на евакуацијата граѓаните биле сместени во соодветни засолништа.
Државниот институт за геофизика соопштил дека вулканот од минатата ноќ исфрла лава далеку во височините и дека од кратерот избива столб со пепел и гас висок околу 1,5 километри.
Повторната ерупција на вулканот кој се наоѓа во централен Еквадор започна минатата седмица, а во неделата над вулканот се исдигнал облак од пепел и гас висок дури 5 километри. Од тогаш ерупцијата не е стивната.
Вулканот, кој по неколку децении повторно се активираше се наоѓа на 135 километри од главниот град на Еквадор.