Еквадор: Вулкан еруптирал исфрлајќи лава еден километар во воздух – Видео + Фото


vulkan5 Вулканот Тунхурава на Еквадор исфрлил лава еден километар во воздух, а усвитената магма и гас се шурат на три километри од кратерот, пренесува Бета.

-За време на ноќта во раните утрински часови, продолжи активноста на вулканот, а забележани биле и посилни потреси, соопштуваат од Геофизичкиот институт во Кит.

vulkan4

Регионалната директорка на владините служби за вонредни ситуации Лурдез Мајорха изјавила дека за време на евакуацијата граѓаните биле сместени во соодветни засолништа.

vulkan3

Државниот институт за геофизика соопштил дека вулканот од минатата ноќ исфрла лава далеку во височините и дека од кратерот избива столб со пепел и гас висок околу 1,5 километри.

vulkan2

Повторната ерупција на вулканот кој се наоѓа во централен Еквадор започна минатата седмица, а во неделата над вулканот се исдигнал облак од пепел и гас висок дури 5 километри. Од тогаш ерупцијата не е стивната.

vulkan1

Вулканот, кој по неколку децении повторно се активираше се наоѓа на 135 километри од главниот град на Еквадор.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1