Маскотата, која за цел ке има да ги приближи игрите на најмладите, се вика Венлок. Еднооката маскота личи на симпатичните чудовишта од истоимениот анимиран филм на „Дизни“ продукцијата, снимен во 2001-та.
Венлок, името го добива малото селце (Меч Венлок, област Шропшајр) во Велика Британија кое го поврзува интересна приказна со Олимписките игри. Имено, во далечната 1894-та, на покана на селскиот лекар стигнал баронот Пјер де Кубертен. Баронот бил воодушевен од селаните и решил да им организира спортски игри во селските спортови. Селските игри биле две години порано од првата официјална Олимпијада во 1896-тата, во Атина.
Велок победи за избор на маскота во конкуренција од 100-тина предлози, дизајнирани од уметници, стилисти, дизајнери. Најзастапен ќе биде во делот за најмладите и преку анимирани филмови, во кој главниот јунак е Венлок, ќе се обиде да им го доближи значењето на Олимписките игри и да го привлече интересот на најмладите за спортувањето.
Сепак, Велок не наиде на позитивни критики кај дизајнерите, на кои очигледно и не им се допадна новата маскота. Тврдат дека имало и подобри решенија и дека е чудно колку многу пари се дадени за едно лошо, според нив, репение. Истакнуваат и дека на Олимијадите во минатото имало далеку покреативни решенија за маскота и како пример за истакнуваат Олимпијадата во Мексико, 1968г., кога маскота била гулабица на мирот, а игрите се сеуште познати и како „Олимпијадата на мирот“.