Убиство на сплав во Белград – не го пуштиле да влезе, пукал во обезбедувањето, ранил и гости


 

Вистинска драма се одвивала вчера во 2 часот по полноќ на познатиот белградски сплав “Blejvoč” лоциран кај Нов Белград. Еден убиен вратар, еден повреден, тешко повреден и случаен гостин на сплавот.

Убиен е Иван Цветковиќ – 26 годишен, обезбедување на сплавот,кој работел како вратар.

Тешко се ранети Марко Дајичиќ (26) исто така вработен како обезбедување и Душан Димитријевиќ (31), гостин кој во тој момент влегувал во дискотеката.

На нив пукал рафално засега непознат сторител, а причина било што обезбедувањето не му дозволило да влезе во дискотеката, бидејќи одбил да помине во KD (контрадиверзиона) врата.

,, гостинот изгледа беше навреден кога обезбедувањето му рече да помине низ вратата, кога одби не го пуштија, тој се врати наназад извади пиштол и почна да пука на сите страни,, изјавиле очевидци за српски Телеграф.

Цветковиќ бил погоден во грбот и им подлегнал на повредите на пат кон болницата. Пред дискотеката настанал вистински хаос поради фактот што пред вратата во моментот на пукањето имало околу 20 случајни гости. Со прострелна рана во раката се здобил и еден од нив. Тој сам повикал такси и се одвезол во ургентиот центар каде му е пружена помош.

Полицијата веќе ги прегледала безбедносните камери и според неофицијални информации веќе го идентификувала напаѓачот.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1