Меѓу другото, од банката велат дека балканските земји треба прво да решат повеќе препреки во кои ги вклучуваат ниските цени на енергијата, недоволната информираност за технологиите, енергетските монополи…
Во извештајот се наведува дека клучен структурен проблем на сите земји се ограничувањата околу снабдувањето со енергија, а притоа се посочува дека регионот без значајни инвестиции во енергијата до 2020 година ќе стане нето увозник на струја.
Според сегашните трендови, на Балканот ќе му недостасуваат 10 проценти електрична енергија. Ако состојбата остане иста до 2030 година, овој јаз ќе се зголеми на 30 проценти.
Светска банка проценува дека само за да се одржи некаква рамнотежа земјите во следните 10 години треба да инвестираат околу 44,6 милијарди евра. За балканските држави да преминат во економии со ниски емисии на стакленички, гасови сумата треба да биде многу поголема.