Кога се отвори мостот Port-man во Британска Колумбија, канaдска провинција на брегот на Тихиот Окејан, се очекуваше дека тоа ќе го скрати возењето до час. Меѓутоа, две недели подоцна, мостот е затворен поради големи парчиња мраз кои паѓаат од кабловите на мостот. Мразот предизвикал сообраќајни несреќи, и неколку возачи се повредени.
Овој мост има десет ленти и важи за најширок мост на светот, а втор по должина во Северна Америка. Агентот за недвижности Сајмон Лу возел преку него кога огромен мразулец му го скршил ветробранот.
– Не можев да поверувам што се случи. Бев шокиран на прв поглед, но не застанав и продолжив да возам. – вели тој напоменувајќи дека се поминало без сериозни последици.
Министерката за сообраќај во Британска Колумбија, Мери Полак, ја искоментира работата на градителите на мостот, инсистирајќи на тоа дека даночните обврзници нема да бидат виновни за новонастанатата ситуација.
– Кога купувате производ во продавница или кога се гради мост од 3.3 милијарди долари, вие очекувате тој да функционира. Меѓутоа, кога ќе сфатите дека не сте добиле она за кое што сте платиле, очекувате обештетување за тоа. Можете да барате да ви бидат вратени парите или некој да го реши проблемот. – изјави таа на прес-конференцијата, напоменувајќи дека таа на почетокот инсистирала на тоа дека може да се појават проблеми кога ќе дојде зима.
Како паднал снегот, така дошло и до колапс. Граѓаните сега бараат оштета затоа што автомобилите им биле оштетени додека го преминувале мостот. Иронијата е во тоа што мостот бил граден 3 години и е вреден повеќе од 3 милијарди долари. Временските услови како што се студ, влажност, дожд и снег, ветер, значајно допринесоа да се создаде мраз на врвовите на каблите. Мостот е повторно отворен за сообраќај, но проблемот се уште не е решен.