Утре од полноќ до 5 часот изутрина ќе има прекин на водоснабдување за граѓаните од населбите: Чаир, Бутел 2, Топаанско Поле, Скопје – Север, Гази Баба, Железара и Автокоманда.
Прекинот на водоснабдувањето е поради инвестициски зафати за замена на пумпи во Пумпена Станица Гази Баба, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).