Приватниот детектив Пол Хуебл предал видео снимка во полиција на која се гледа како двајца мажи неколку пати влегувале во хотелот каде се наоѓала Витни, а се претставувале како да се дел од нејзиното обезбедување.
Детективот вели дека кокаинот и бил доставен во собата еден ден пред смртта и тогаш таа рекла дека и е доста од сето тоа.
Тој верува дека дилерите испратиле убијци во нејзината соба за да го наплатат долгот од наводни 1, 5 милиони долари.
Истражителот вели дека поради овие нови докази ФБИ ќе отвори и нова истрага, а постојат и докази дека хотелска соба на Витни била пребарувана.