Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша Законот со кој им се забранува на американските државјани да посвојуваат деца од Русија.
Законот по потпишувањето од страна на Путин ќе стапи во сила на 1 јануари.
Во Русија Законот е донесен откако американскиот Конгрес усвои закон со кој се санкционираат руските владини претставници кои се вмешани во смртта на адвокатот Сергеј Магнитски.
Во моментот има 52 процедури за посвојување на руски деца од американски државјани.