23 годишник, жител на Неготино, ја убил мајкаси, телото го фрлил во контејнер
Утринава околу 4 часот вработените во Комунална хигиена во Неготино забележале момче кое фрла нешто во контејнерот. За многу кусо време сватиле дека се работи за женски труп облеан во крв. Повикале полиција.
Уапсен е 23 годишниот Димитар С. од Неготино, јавува Нет пресс. Имено Димитар признал дека ја убил својата мајка, 57 годишната Нада С. Убиството го извршил во станот во кој живееле а потоа се обидел да се ослободи од телото.