Му дошле 300 гости на роденден поради грска на Фејсбук


Момче од германскиот град Виндек во федералната покраина Северна Рајна бил принуден да повика полиција кога на врата за време на роденденската забава му тропнале ни помалку ни повеќе туку 300 гости.
Сепак, за ваквата ситуација, 22 годишното момче само е виновно  бидејќи на својот фејсбук профил напишал покана но не ја ставил во приватна група, па затоа на роденден му дешле неколку стотини гости.
Ова не е прва роденденска забава во Германија со вакво сценарио, бидејќи корисниците на најразлични друштвени мрежи често организираат такви акции.
Најпознат е случајот што се случи минатата година кога во слични околности на роденденска прослава на една 16 годишна девојка од Хамбург дошле 1500 гости, а околи сто полицајци моале да ја опколат куќата и да ги растераат присутните.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1