Дали спиевте добро? А да не е до перницата? Кога треба да се менува?


Истражување на National Sleep Foundation покажало дека 75 насто од испитаните се задоволни од својот сон – односно барем неколку пати во неделата имаат добар сон.

Интересно е што од останатите дури 20 насто изјавиле дека често се будат укочени, ги болат мускулите, безволни се, не спијат добро – се будат во текот на ноќта.

81 насто од испитаните 1000 луѓе користи постелнина стара околу 2 години, 78 насто користат перница стара повеќе од 2 години. На стари душеци спијат 33 насто од испитаните.

Претседателот на фондацијата за сон Dejvid M. Oblak истражувал и дошол до заклучок дека луѓето кои мислат дека изборот на перница или душек не е важен, проветрувањето, менувањето постелниа – се токму оние кои не спијат добро

Колку често треба да се менува постелнина – кој е рокот на траење на една перница или душек – се прашања кои им биле поставени.

Половина од нив давале произволни одговори. Еве ги точните.

Душекот – трае помеѓу 5 и 10 години во зависност од квалитетот.

По овој период мора да се менува инаку може да дојде и до сериозни повреди и болки. Болки во грбот, крстот и будењето ноќе може да се знак да си го смените душекот.

Перници – што постара перница тоа повеќе гриње во неа, велат научниците.

Алергиски реакции, акни, проблеми со синуси или затнат нос може да укажуваат на тоа дека перницата ви е печена за менување.

Постелнина – доколку не е искината можете да ја користите колку сакате – под услов редовно да се пере.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1