Почна антидопинг контролата на ОИ – литванскиот дигач на тегови нема да оди во Лондон


Анти допинг агенцијата на Велика Британија објави дека започна тестирањето на спортистите.

Литванскиот дигач на тегови нема да учествува на игрите. Неговиот тест покажал дека е позитивен на допинг. Aurimas Didžbalis е суспендиран иако беше еден од водечките кандидати за медаља. Тој бил тестиран на европското првенство во Турција во април – таму освои сребрена медаља, но откако се обелоденија резултатите медалот му беше одземен и беше исфрлен од националниот тим.

Од Анти допинг агенцијата велат ќе тестираат по случаен избор, а опфатени ќе бидат повеќе од половината спортисти учесници.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1