Време: Ќе дува ветар – 33°C. Ув индекс 8.


На Балканот во вторник ке биде претежно сончево и ветровито. Силен ветар ке дува на Јадранското море и јадранското приморје и во Егејското море. Најстуден балкански главен град ке биде Љубљана со 25°C, а најтопол Подгорица со 36°C.

Во Македонија во втроник ке биде претежно сончево, ветровито и посвежо. Ке дува засилен северозападен и северен ветар, а во западните предели ке дува силен североисточен ветар. Понекаде ветерот ке достигне брзина и до 60 км/ч. Температурите ке бидат во опаѓање, па утринските ке се движат од 9°C до 19°C, а максималните дневни ке достигнат до 22°C односно до 33°C. Ув индекс 8.

Во Скопје во  вторник сончево и ветровито. Ке дува силен северозападен ветар. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна ке достигне до 30°C. Ув индекс 8.

Ветровито и свежо ке биде и во среда. Ке дува силен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува силен североисточен ветар. Ветерот ке достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури од 6°C до 17°C, а максималните дневни температури ке се движат од 21°C до 32°C. Ув индекс 7.

Веќе од четврток ни следува постепен пораст на температурите. Ке биде сончево и топло. Ветерот конечно ке престане, па ке дува слаб северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува слаб североисточен ветар.Утринските температури ке се движат од 7°C до 18°C, а максималните дневни ке достигнат до 24°C односно до 35°C. Ув индекс 8.

Од петок повторно ни се враќаат тропските температури. Ке биде сончево и многу топло. Ке дува слаб променлив ветар. Утринските температури од 10°C до 20°C, а максималните дневни ке се движат од 27°C до 38°C. Ув индекс 9.

http://weather4all.com.mk

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1