Видео/Фото – Пожар вечерва кај министерството за Финансии – Скопје


Пожар вечерва во објект во сопственост на приватна фирма која се наоѓа во непосредна близина на министерството за Финансии на улицата Велко Влаховиќ во Скопје. Според командирот на противпожарната бригада Благоја Менковски опожарена била кровната конструкција на објект во непосредна близина на министерството. Објектот е во приватна сопственост. Пожарот го зафатил кровот на објектот и се ширел со голема брзина. Веднаш биле повикани екипите на противпожарната бригада и пожарот е ставен под контрола. Пожарникарите се сеуште таму и го гаснат.

Нема информации дали има оштетувања и на министерството за финансии со оглед на фактот дека се работи за речиси истата зграда. Во непосредна близина е и министерството за труд и социјална политика, ТЦ Плаза и штабот на ВМРО – ДПМНЕ.

Пожарот избил околу 23 часот. Соработникот на mknews.mk Борислав Стоилковиќ беше на теренот ова е слика и видео од самото место.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1