Пожарот во салата Работнички во градскиот парк е локализиран. Среќа што пожарникарите биле повикани на време и е спречена поголема катастрофа.
„Добро во целава работа е што пожарот вивна дење и во работен ден. Да се случеше ова ноќе или преку викенд, целата сала ќе изгореше за неколку минути“. Ќе беше вистинска катастрофа“, изјавиле пожарникарите кои го гасеа пожарот во канцелариите на вториот кат од салата „Градски Парк“, за Мкд.мк.
„Целата сала е од дрво, немаше да има шанса да се изгаси. Да задоцневме две минути, отиде цела сала“, коментираа пожарникарите, чија навремена интеревенција го спаси кошаркарскиот храм.
Салата „Градски Парк“ е стара повеќе од 50 години, оттогаш е и струјната инсталација, па веројатно тоа било и причината што била опожарена канцеларијата во која се сместени Пливачката, Кугларската и Кајак федерацијата на Македонија.
Извор/Фото – Мкд.мк