Внимавајте со средствата за сончање


Многу од производителите на заштитните креми за сончање, тврдат дека ни нудат водоотпорни средства и целодневна заштита. Сите тие, впрочем, порано или подоцна се раствораат.

Автор M-r Ph Марија Петреска /


Производителите тврдат дека нивниот производ е отпорен на вода, пот и ја штити кожата од појава на рак. Меѓутоа, најчесто на декларациите на овие производи, е напишана невистината. Американската агенција за храна и лекови, овие реклами ги нарече лажни. Дејвид Ендрјуз од американската работна група за зачувување на животната средина, кажува дека не постојат креми за сончање кои се отпорни на вода.

Некои пак тврдат дека ни нудат средства со широк спектар на заштита од сонце, дека истите штитат од појава на опекотини, тумори и стареење, што во поголем број случаи не е вистина. На пример, крема со заштитен фактор 15 или помал, можеби заштитуваат од опекотини, но не заштитуваа од појава на брчки или рак на кожата.. Исто така, некои штитат од УВБ, но не и од УВА зраците кои ја оштетуваат кожата.
Агенцијата за храна и лекови, од оваа причина, издаде барање до производителите со кличинчки тестирања да докажат дека нивниот производ има заштита со широк спектар. Во меѓувреме пак, купувачите се се позбунети во однос на тоа која крема да ја изберат, бидејќи на секој од овие производи стои декларација во однос на делотворноста.

Според најновото истражување кое е спроведено на универзитетот за науки и технологии во Мисури, една од основните состојки во кремите за сончање е цинк оксидот, кој вообичаено се користи да намали иритација на кожа, но во комбинација со сонцето може да предизвика канцерогени ефекти. Цинк оксидот изложен на сонце, започнува реакција, односно отпушта нестабилни молекули познати како слободни радикали кои ги оштетуваат клетките или ДНК во клетките.

Како да го одберете вистинското заштитно средство?

Избегнувајте ги кремите кои содржат ретинил палмитат или оксибензон, бидејќи може да предизвикаат  несакани реакции кои може да му наштетат на вашето здравје. Високите заштитни фактори може да ве измамат, нудејќи ви сигурна долготрајна заштита, што најчесто не е вистина, а вие со тоа подолго време да се изложите на сонце. При избор на производ внимателно прочитајте ја декларацијата и изберете производ кој штити и од УВА и од УВБ зраци.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1