На погребот на убиениот вратар се кршеле чаши – знак дека следи одмазда


 

 

На гробиштата во Сурчин денеска беше погребан убиениот Иван Цветкович. 26 годишниот вработен како обезбедување на познатиот сплав “Blejvoč” беше убиен кога на него пукаше лице на кое не му дозволиле да влезе во дискотеката.

При изнесувањето на телото на Иван роднините, пријателите и целата поворка кршеле тањири и чаши што е локален обичај, а како што пишува теелграф тоа е знак – порака дека ,, крвта мора да биде вратена,,

Другарите на Цветковиќ дури дале и изјава дека ,, на ова нема да се заврши,,

,, во затворот има многу сирчани, кои едвај ќе го чекаат убиецот да влезе – порачале другарите.

Во престрелката пред познатата дискотека ранети беа и Марко Дајичиќ (26) исто така вработен како обезбедување и Душан Димитријевиќ (31), гостин кој во тој момент влегувал во дискотеката.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1